Кошаркарите на Денвер ги запалија моторите и напорно тренираат пред почетокот на следната сезона во која ќе ја бранат титулата во НБА.
Кај кошаркарите на Нагетс владее одлична атмосфера, а српскиот ас Никола Јокиќ полека влегува во препознатлива форма и е подготвен и оваа сезона да му задади тешко на секој можен противник.
Сега Денвер објави фотографија од соблекувалната, каде главен актер е момче од Сомбор.
Тие побарале од Јокиќ да открие што гледа на телефонот, по што Србинот го свртел екранот кон камерата и покажал дека се работи за коњски трки.