Што доколку ги прескокнуваме редовните оброци !? Постојат пет можни последици – експертите откриваат што навистина се случува во телото: “Внимавајте, ова е опасно!“

Дали прескокнувањето оброци има последици ?

Во желбата да ослабнат, многу луѓе добиваат лоша навика – прескокнување оброци. Но, тоа создава проблем кој може да има лоши последици по физичкото и психичкото здравје, а експертите посочуваат дека секој што мисли дека на овој начин треба да ослабне, греши. Оваа лоша навика доведува до недостаток на есенцијални хранливи материи за нормално функционирање на организмот. Еве што се случува во телото ако прескокнеме оброци.

Редовното прескокнување оброци, особено во комбинација со ограничување на калориите, може да има големо влијание врз физичкото и менталното здравје. Кога прескокнувате оброци, на телото му недостасуваат есенцијални макро и микро нутриенти потребни за правилно функционирање на телото. Тоа може да доведе до различни негативни последици, физички и психички“, објаснил Анастасиос Микроулис, основач и директор на клиниката во Здравствениот центар во Њујорк.

Прескокнувањето на оброците може да предизвика чувство на хроничен замор, лошо расположение, зголемен апетит, прејадување и тешкотии во одржувањето на саканата телесна тежина. Кога телото чувствува глад, природниот инстинкт за храна се зголемува. Има луѓе кои тврдат дека кога не јадат долго време, чувствуваат дека имаат повеќе енергија. Важно е да се знае дека неправилната исхрана го нарушува нашиот метаболизам и здрави навики“, објаснила нутриционистката Џен Блејс.

Според неа, „мозочна магла“, замор, глад, раздразливост и хормонална нерамнотежа може да настанат како резултат на прескокнување оброци. Мозочната магла има симптоми кои можат да влијаат на нашата способност за размислување. Може да се чувствуваме збунети или неорганизирани или да ни е тешко да се фокусираме или да ги изразиме нашите мисли со зборови. Во овој случај, докторите препорачуваат здрава исхрана и вежбање, решавање загатки или крстозбори, поминување време со семејството и пријателите.

животисхрана