Војската исто така ги предупреди граѓаните, доколку прават мемиња за сè уште необјаснетата светлина, да не го користат логото на воздухопловните сили за да се избегне забуна околу изворот на информацијата.
Вчера вечерта небото над регионот на Киев во Украина беше осветлено од неверојатно силна светлина која набрзо исчезна, но за неа се уште се зборува низ светот бидејќи не е јасно што точно ја предизвикало. Прво, се проширија гласини за НЛО, кои беа користени и како шега од лидерите на некои земји, но набрзо се појави поверодостојно објаснување.
Една од првите претпоставки беше дека се работи за сателит на НАСА кој е повлечен и требаше повторно да влезе во атмосферата на Земјата во среда, но американската вселенска организација набрзо изјави за Би-Би-Си дека минатата ноќ, кога бил забележан блицот, сателитот RHESSI сè уште беше во орбитата и не можеше да биде причина за необичната светлина.
Украинското воено воздухопловство на социјалните мрежи објави дека друга можна причина е падот на метеорит. Оттаму додаваат дека во моментов нема опасност од воздушен напад, а одбраната е во состојба на готовност.
Војската, исто така, ги повика граѓаните, доколку прават мемиња за сè уште необјаснетата светлина, да не го користат логото на воздухопловните сили за да се избегне забуна околу изворот на информацијата.
На социјалните мрежи се споделуваат разни фотографии и илустрации, алузии на познати филмови на тема вонземски живот, но и, на пример, фотографии од нешто што наликува на НЛО од филмовите во приколка за камион недалеку од точката на блесокот.