Австралискиот тенисер Ник Кирјиос изјави дека е уморен и дека повеќе не би играл тенис доколку е до него.
„Да беше до мене, немаше да играм повеќе, да бидам искрен. Морам да продолжам да играм. Имам уште многу да дадам, но немам желба“, вели Ник Кирјиос.
Ник Кирјиос во саботата изјави дека нема да учествува на Австралија Опен во јануари поради повреда.
Во јануари оваа година Ник Кирјиос беше опериран на коленото, а во текот на летото се здоби со тешка повреда на лигаментите на скочниот зглоб.
„Уморен сум. Имав три операции. Имам само 28 години, сакам да имам семејство и да немам болки. Кога станувам не можам да одам без болка. Тешко е…“, вели тој.
Ник Кирјиос одигра само еден натпревар на АТП турнејата оваа година.
„Сакам да играм уште една до две години, да го достигнам врвот и да се повлечам според моите услови. Би мразел да имам уште една операција“, открива Ник Кирјиос.
Тој неодамна објави дека нема да учествува на Австралија Опен бидејќи продолжува да се бори да ја пронајде вистинската форма по долго отсуство поради повреда.