Работник во супермаркет објави морничава слика од животно кое изгледа како пајак со 21 нога на парче зелена салата!
Страшната сцена е снимена во продавница во Истбурн, Источен Сасекс. Еден од работниците потоа ја објавил фотографијата на група на социјална мрежа посветена на инсектите и побарала помош од експерти за идентификација.
– Работам во мала продавница и колешка ми испрати фотографија! Што е ова? Дали е воопшто бубачка или е нешто друго? Видовме многу одвратни работи, но ова е врв – изјави работникот.
Објавата предизвика илјадници коментари, некои се шегуваа, но имаше и многу луѓе кои беа исплашени.
На крајот се покажа дека не е ниту бубачка , ниту пајак, туку дека на листот од салатата има остатоци од растенија.
– Тоа е дел од цвет од глуварче. Тоа е дел од држачот на цветот и на семките – објасни еден експерт.
После тоа, работникот се заблагодарил за помошта.
– Благодарам на сите што помогнаа и на оние што ме насмеаа! Јас и мојот тим сега можеме да продолжиме да работиме – напиша работникот.