Што е поздраво – тестенини или ориз?

Јаглехидратите како оризот и тестенините се важни извори на хранливи материи без разлика дали содржат цели зрна, вели нутриционистот Натали Ризо.

Без разлика на видот на тестенините, познато е дека тие им помагаат на спортистите во издржливоста токму поради јаглехидратите кои ги содржат. Една порција тестенини содржи околу 220 калории и 43 грама јаглехидрати, а оние направени со цели зрна имаат повеќе влакна и полесно се варат од другите.

Но, секоја паста содржи и околу осум грама протеини по порција. Тестенините се технички попреработен производ од оризот, кој е цело зрно.

Кога зборуваме за преработена храна, мислиме на засладени пијалоци и храна полна со шеќер кои негативно влијаат на здравјето и можат да предизвикаат дијабетес, кардиоваскуларни болести и дебелина.

Но, преработените тестенини можат да бидат здрави. Во лебот се додаваат шеќери и разни адитиви. Тестенините се само пченица и вода, а содржат и витамин Б, вели Ризо.

Тестенините може да бидат малку полесни за подготовка од оризот, освен ако не користите инстант ориз. Во последните години, производителите почнаа да прават тестенини од други состојки, како што се леќата, наутот и грашокот. Таквите тестенини содржат повеќе хранливи материи, протеини и влакна, но помалку јаглехидрати.

Од непознати причини за Ризо, луѓето почесто посегнуваат по оризот бидејќи сакаат малку поздрав оброк, а таа вели дека не знае од каде потекнува тврдењето дека оризот е поздрав од тестенините.

„Оризот често се користи во различни кујни и се смета за поздрав“, вели таа. Една мала порција ориз содржи околу 250 калории и околу 53 гр јаглени хидрати и тука е видлива разликата.

Во споредба со тестенините, оризот – без разлика дали е кафеав или бел – содржи помалку протеини и влакна. Има два грама протени, а тестенините имаат осум. Содржи еден грам влакна, а тестенините имаат два и пол.

Оризот содржи витамини и минерали кои тестенините не ги содржат, вклучително и фолна киселина, железо, цинк, но во мали количини. За оние кои избегнуваат глутен во исхраната, оризот е сепак подобар избор.