ШТО Е ТОА ШТО ЕКСПЛОДИРА НАД УКРАИНА?! Мистериозна светлина осветли половина од државата ВИДЕНА Е НА 1.000 КИЛОМЕТРИ ОДДАЛЕЧЕНОСТ (ВИДЕО)

Мистериозна светлина осветли неколку украински области во ноќта меѓу вторникот и средата!

Според украинските медиуми, необичниот блесок бил снимен петнаесет минути по полноќ, а го забележале жители на регионите Харков, Суми, Киев, Полтава, Днепропетровск и Запорожје.

Медиумите јавуваат дека не се слушнала експлозија.

Од страната наведуваат дека најверојатно се работи за пад на метеорит, но засега нема официјални информации.

Украинската армија, да потсетиме, неодамна сними НЛО во форма на диск во воената зона! Снимката од непознатото летало е снимена со дрон на 406-от баталјон на оддалеченост од 50 километри.