Читањето од дланка ги интересира луѓето уште од античко време, иако некои ја сметаат оваа практика чудна, па дури и глупава, други ја сфаќаат сериозно и озбилно ја проучуваат.
Читањето од дланка е древна уметност која датира од пред илјадници години. Потекнува од хинду астрологијата, а првиот доказ за оваа практика се наоѓа во древните кинески гатачки текстови „И Чинг“.
Оваа практика се раширила низ Азија и Европа, а кога Аристотел дознал за тоа, ова знаење му го пренел на Александар Македонски, кој го користел за да го оцени карактерот на неговите војсководци.
Тоа е многу опширна тема и има многу детали за дланката кои се проучуваат, а овој пат ќе се задржиме на линиите што ја формираат буквата „М“, а која не ја има секој.
Погледнете ја вашата дланка и пронајдете ја буквата „М“, ако ја имате тогаш сте посебни, а ова се вашите доблести:
- многу сте надарени, имате силна интуиција, искрени сте, а истото го очекувате и од другите.
- не ви пречат промените во вашиот живот.
- знаете да препознаете луѓе кои лажат.
- вие сте претприемничи.
- среќата ве следи во животот.
Оние со „М“ на дланката се добри во новинарството, пишувањето или образованието. Покрај тоа, тие многу добро знаат како да заработат пари, да напредуваат во кариерата, многу се дисциплинирани и знаат како да се мотивираат. Тие исто така имаат одлични лидерски вештини, сакаат да решаваат мистерии и понекогаш ги привлекуваат кариери во право или политика. „М“ на дланка е симбол на богатство, пишува на порталот davidwolfe.com.