Што мислат големите светски сили за долгонајавуваната украинска контраофанзива – Ентони Блинкен уверен во успех, а Емануел Макрон му вети поголема помош на Киев

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека долгоочекуваната украинска контраофанзива против руските вооружени сили е започната и вети поголема воена помош за Киев.

Емануел Макрон на прес-конференција по средбата со лидерите на Полска и Германија односно на т.н. „Вајмарски триаголник“, кажа дека ќе се направи се за да и се помогне на Украина во контраофанзивата, објави медиумската агенција Reuters.

Емануел Макрон посочи дека е зголемена испораката на муниција, оружје и борбени возила за Украина и најави дека тоа ќе продолжи и во наредните денови и недели.

На прашањето дали Германија се согласува Украина да добие безбедносни гаранции на самитот на НАТО во јули, германскиот канцелар Олаф Шолц одговори потврдно, наведувајќи дека тоа треба да се направи на „многу конкретен начин“.

Трилатералната средба во Париз требаше да испрати сигнал за единство меѓу Источна и Западна Европа по прашањето за Украина, тврди во својот извештај Reuters.

Емануел Макрон и Олаф Шолц рекоа дека го поддржуваат договорот за мигрантите договорен од министрите за внатрешни работи на ЕУ минатата недела, според кој секоја земја што ќе одбие да прими одредена квота мигранти ќе мора да плати 20.000 евра по лице.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, сепак, кажа дека е „скептичен“ во врска со договорот.

Анджеј Дуда истакна дека Полска примила голем број украински бегалци и дека за тоа не добила средства од ЕУ, како и дека има намера да продолжи да прима бегалци од Украина.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен денеска изјави дека е премногу рано да се каже точно каде води украинската контраофанзива, наведувајќи дека Вашингтон е уверен оти Киев ќе продолжи да биде успешен во обидите да ја врати својата земја окупирана од Русија.

Ентони Блинкен на прес-конференција во Вашингтон соопшти дека САД се решени да ја максимизираат својата поддршка за Украина за да успее на бојното поле.

На претстојниот самит на НАТО во Вилнус може да се очекува пакет на уште поголема политичка и практична поддршка за Украина“, посочи Ентони Блинкен.

Анджеј ДудавојнаГерманијаЕмануел МакронЕнтони БлинкенОлаф ШолцоружјеПолскаРусијаСАДУкраинаФранција