ШТО МИСЛАТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ ЗА УСТАВОТ? Седумте кандидати го соочија мислењето и за тоа кој треба да го бира претседателот

Дел од кандидатите се изборот на претседателот на државата да остане да го бира народот, а дел се за избор на претседател во собранието.

Од темелни реформи на уставот, нов граѓански устав, до тоа суспензивното вето да стане апсолутно, промена на уставната клаузула од 20 отсто за јазикот, како и зголемување на ингеренциите или избор на претседателот на државата во Собранието се ставовите на претседателските кандидати во врска со Уставот кои ги соопштија седумте кандидати за претседател на вечерното соочување на јавниот сервис.

Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, се залага за апсолутно наместо суспензивно вето, како и за тоа клаузулата од 20 отсто во Уставот да се замени со албански јазик.

-Затоа што претседателот неспорно има широк, народен, граѓански легитимитет поради начинот на кој се бира, значи од сите граѓани во државата. Во однос на другите потребни промени на Уставот не мислам дека е потребен цел Устав да се менува, мислам дека имаме поприоритетни работи во однос на Европската интеграција, да ги ставиме Бугарите во Устав сум за тоа и ако се отвора Уставот се разбира да има две третини за сето тоа, бидејќи без две третини не може да го направите тоа, да 20% станат албански јазик, бидејќи тоа е еуфемизам – рече Пендаровски.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордна Силјановска Давкова, пак предлага темелни уставни реформи.

– Треба темелни уставни реформи на овој „Франкештајн – Устав“ што тешко се чита и од експерти. Но треба врз основа поширока експертска анализа. Ние во уставната комисија немаме експерти, а мора да иамаме кои постојано дијагностицираат нефункционалност и предлгаат соодветни решенија – рече Силјановска Давкова.

Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски е против уставни измени , но се залага за згоелмување на надлежностите на претседтаелот на државата.

-Чудно е двојството да претседателот назначува началник на Генералштаб и директор на Агенцијата за раузунавање, а не назначува гувернер на НБРМ. Назначувањето на гувернер на НБРМ ќе значи поголема самостојност на централната банка која има најголема доверба. И сметам дека во Уставен суд и Судски совет треба директно претседателот да предлага членови, без политичко пазарење – рече Јакимовски.

Бујар Османи смета дека претседателот треба да се бира во Собранието.

-Како прво, да е компас на евроинтегративниот процес, сврзно ткиво на етничките наративи и трето – креатор на државниот консензус. Сегашниот модел е дополнителна поларизација и ескалација. Во минатото опозицијата не им се обраќаше со претседател, туку со име, тој немаше авторитет да ги смири политичките кризи како причина за стагнација. Мислам дека во еден инклузивен процес помеѓу македонскиот блок ќе има деполаризација меѓутоа и вклучување на сите останати во донесување на одлуката. Не значи бегање од соочување со граѓаните туку унапредување на демократијата во духот на Охридскиот договор – рече Османи.

Билјана Ванковска , пак е за радикални промени.

-Ние во 1991 година тргнавме по една патека, 2001 година залутавме по друга патека и сега веќе не знаеме каков ни е системот.Јас сум за нов Устав со сите овие слабости што уставниот поредок ги покажува, меѓутоа и тој самиот продуцира ако 2001 бил причина за војна, сега е причина за катастрофа – вели Ванковска.

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари посочи дека треба да се прифати демографијата таква каква што е во однос на јазикот.

-Најдете една држава каде што дефиницијата за употреба на јазикот е со проценти и бројки. Пред 50 години службени јазици беа македонски, албански и турски. Сега зборуваме дали ќе употребиме 20 отсто или не. За претедател, да дадеме или повеќе ингеренции или зошто да не разговараме за отворање нов Устав и други нови ингеренции на претседатело и други решенија за проблемите во државата – реле Таравари.

Според Максим Димитриевски, кандидатот на ЗНАМ не се потребни уставни измени.

-Не е потребно да се менува , да не се дозволи уривање на унитарноста на државата и да се дозволи скриена трансформација на Македонија од прост во сложен тип на уредување -рече Димитиревски.

Извор:журнал.мк