Во периодот на летни одмори, кога поголемиот дел од македонските граѓани патуваат надвор од границите на Македонија често имаме дилема, што и колку ни е дозволено да носиме со нас.
Царнинската управа излезе со соопштение и ги прецизираше деталите:
– ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН:
- 200 цигари;
- 100 цигаролоси;
- 50 пури;
- 250 гр. тутун.
– ДОЗВОЛЕН ВЛЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ:
- 2 литри алкохол до 22%;
- 1 литар алкохол над 22%.
– ДОЗВОЛЕН ВЛЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА:
- при излез до 2.000€;
- износот од 2 – 10.000€ треба да го пријавите и да приложите доказ за потекло од банка или менувачница;
- при влез до 10.000€ – секој износ над овој треба да се пријави.
– ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ:
- парфеми до 50мл;
- тоалетна вода до 250мл.
– ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА!
- Стоката која ја внесувате од странство во вредност до 350€ е ослободена од плаќање на увозни. давачки, доколку истата е од некомерцијална природа (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода.
– ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИ
- За секој домашен миленик сопственикот треба да има пасош и ветеринарно-здравствен сертификат.