ШТО НАВИСТИНА ПРЕТСТАВУВА МИСТЕРИОЗНИОТ БРОЈ НА ЛИЧНАТА КАРТА? Тоа не значи колку личности личат на вас, како што се мислеше

Веројатно многу пати сте слушнале дека осамениот број на задната страна од вашата лична карта во десниот агол покажува колку луѓе во светот или во Македонија или во вашиот град, се зависи од варијациите на темата, личат на вас.

Но заборавете на сето тоа. Бројот на задната страна на личната карта не претставува ниту една од презентираните теории . Тоа е едноставно само контролна ознака која се добива според посебна формула врз основа на податоците напишани на документот.

Служи како безбедносна мерка за да се потврди дека е автентична лична карта кога е проверена во системите за читање документи. Целта е да се спречи фалсификување на лични карти.

Сума сумарум – таа бројка не е ништо повеќе од безбедносна мерка и не е поврзана со статистички податоци за слични лица или други информации за сопственикот на личната карта.