Јули 2023 година официјално ќе биде прогласен за седми најтопол месец досега забележан откако е почнато да се мери глобалната температура.
Глобалниот пораст на температурата е во фокусот на Светската метеоролошка организација во рамки на Обединетите нации, а нејзините најголеми експерти велат дека не само овој месец, туку и оваа година ќе биде една од најтоплите досега.
Карло Буонтемпо, директор на службата за климатски промени во Европскиот метеоролошки центар и Крис Хјуит, директор за климатски услуги во Светската метеоролошка организација, зборуваа за високите температури.
„Можеме да кажеме дека првите три недели од јули беа најтоплиот тринеделен период што некогаш е забележан во историјата и срушија многу рекорди. Оваа аномалија е толку голема во споредба со другите топли месеци што сигурни сме дека овој јули ќе биде најтоплиот месец досега забележан откако се следат ваквите појави. Никогаш во историјата не сме доживеале толку висока температура“, изјавил Карло Буонтемпо.
Крис Хјуит истакнува дека временските услови се такви што ќе мора да се прилагодиме.
„Ова долгорочно затоплување е поттикнато од стакленички гасови во атмосферата. Јаглерод диоксидот, метанот и азотниот оксид достигнаа рекордно ниво. Изгледа дека температурите нема да се намалат, ако вака продолжи, со условите на ‘Ел Нино’ кои растат во Пацификот, можеме да очекуваме ова да биде рекордно топла година. Ќе мораме да се грижиме за топлотните бранови. Има потреба од прилагодување на екстремно високите температури, а потоа има и други опасности како суши, поплави и ветрови“, заклучува Крис Хјуит.