Што планира турскиот султан, Ердоган ја пушти во употреба новата подморница и порача: „Кој го контролира морето, го контролира светот“.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган на свеченото отворање на командата на бродоградилиштето Аксаз и церемонијата на испорака на поморските платформи говореше и рече дека Турција од ден на ден ќе ја зајакнува морнарицата.

Во оваа прилика Ердоган изјави дека Турција ќе ја пушти во употреба подморницата TCG Pirireis.

„Тука сме по повод испораката на бродови кои ќе ја зголемат моќта и ефикасноста на турската морнарица. Го пуштиме во употреба и бродоградилиштето Аксаз. Ја пуштиме во употреба и подморницата Пиреис, која е од клучно значење за нашата војска. Јас сакам да ја изразам мојата благодарност до нашите херојски ветерани во име на земјата и народот и Бог да ги благослови сите“, рече Ердоган.

Тој најави и дека борбата за величање на Турција ќе продолжи.

„Ние сме земја опкружена со мориња од три страни, со очите на целиот свет вперени во нас. Свесни сме дека за да живееме во мир во нашиот регион, мора да имаме силна и ефикасна морнарица“, рече тој.

Тој исто така истакнува дека подморниците се меѓу стратешките елементи на турската морнарица.

„TCG Pirireis, кој стапи во употреба денес, е првата од нашите шест подморници со независни погонски системи. Pirireis ќе може да работи долго време без потреба да излегува на површината. Ќе продолжиме да ги подобруваме нашите способности според Истиот принцип, кој го контролира морето, го контролира светот“, посочува Ердоган.