Ловорот се користи како додаток на многу јадења. Покрај тоа што дава арома, тој е многу корисен за здравјето, па затоа треба почесто да го консумирате.
Ќе го зајакне имунолошкиот систем бидејќи содржи голема количина на витамини А, Б6 и Ц. Може да ги ублажи гасовите, стомачните проблеми и воспалението на синусите. Истражувањата покажаа дека консумирањето на еден до три грама ловоров лист дневно за еден месец го намалува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.
Исто така е добар извор на калциум, железо и манган. Може да помогне и во ублажување на менструалните болки и да поттикне редовна менструација. Се користи и во народната медицина за лекување на бронхитис.
Личноста која го има овој проблем треба да стави облоги потопени во вода во која е сварен ловор. Чајот од ловор се смета за природен лек за кашлица и бронхитис.
Исечкајте три ловорови листови, покријте ги со 2,5 децилитри вода и варете десетина минути. Тргнете го од оган и држете го покриено уште десетина минути, па процедете. Во исцедениот чај додадете една лажица лимон и две лажици домашен мед. Пијте чај два до три пати на ден во количина до три децилитри.