Што се случува во телото на жената која долго време немала се*с: Овие пет работи значително влијаат на телото, а едната е болна (фото)

Менструалната болка се влошува кај жените во отсуство на сексуални односи. Спротивно на популарното верување, сексуалниот однос за време на менструацијата може да ги ублажи менструалните грчеви

1. Желбата за секс полека исчезнува

Правилото „користи го или изгуби го“ важи за сексуалниот нагон.

– Луѓето кои се воздржуваат од секс со текот на времето почнуваат да се чувствуваат летаргично, а желбата за секс полека исчезнува. Некои од моите клиенти ја опишуваат оваа состојба со старата поговорка „Далеку од очите, далеку од умот“ – објаснува д-р Сари Купер, сексуален терапевт.

2. Вагиналните ѕидови се опуштаат

Овој проблем главно се однесува на жените кои влегуваат во менопауза.

– Ако постарите жени немаат редовен секс, вагиналните ѕидови се опуштаат, а ако одлучат повторно да имаат секс, тоа може да биде многу болно – забележува д-р Купер.

3. Менструацијата е поболна

Менструалната болка се влошува кај жените во отсуство на сексуални односи. Спротивно на популарното верување, сексуалниот однос за време на менструацијата може да ги ублажи менструалните грчеви.

– Матката е мускул, а многу жени за време на оргазам всушност доживуваат контракции на матката, поради што крвта се исфрла побрзо. Грчевите се намалуваат, а менструалната крв полесно го напушта телото. Исто така, може да дојде до зголемување на нивото на ендорфин, што помага и кај менструалните болки – објаснува д-р Роберт Шнајдер.

4. Лубрикацијата е намалена

Друг несакан ефект, кој првенствено се однесува на постарите жени, е проблемот со вагинално подмачкување по апстиненција. Заедно со подмачкувањето, тука е и проблемот со истенчување на ѕидовите на вагината, што и двете се резултат на недостаток на хормонот естроген.

– Младите жени во нивните 20-ти или 30-ти ќе имаат многу естроген за да се погрижат овие ткива да останат здрави, еластични и подмачкани за време на апстиненцијата. Кај жените на, на пример, 60 години, штом ќе исчезне естрогенот, тој не се враќа – изјави д-р Лорен Штрајхер.

5. Ризикот од сексуално преносливи болести е помал

Тоа не само што ќе го намали ризикот од добивање на некои венерични болести, туку и од инфекции на уринарниот тракт.

– Сексуалниот однос е виновникот за зголемување на ризикот од уринарна инфекција – објасни д-р Штрајхер.

Повеќето инфекции на уринарниот тракт се појавуваат во рок од 24 часа по сексуалниот однос, а американскиот весник на семејни лекари откри дека „фреквенцијата на сексуални односи е најдобриот предиматор за тоа кој ќе има чести воспаленија на уринарниот тракт.”