Ова никогаш не се случило
Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се зголеми од 64,86 отсто во јануари на 67,07 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат.
Инфлацијата во Турција е највисока во последните 15 месеци.
На годишно ниво, во февруари, најмногу поскапеле услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 94,78 отсто, како и во образованието за 91,84 отсто, здравството за 81,25 отсто и превозот за 77,98 отсто.
Храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 71,12 отсто, алкохолните пијалаци и тутунот за 63,09 отсто, а облеката и обувките за 43,44 отсто.
На месечно ниво, инфлацијата е повисока за 4,53 отсто во однос на јануари.
Годишната стапка на базичната инфлација во Турција исто така се зголеми во февруари, од 70,48 отсто во јануари на 72,89 отсто.
На 22 февруари Централната банка на Турција (TCMB) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 45 отсто, објавија медиумите.
Претходно, почнувајќи од јуни 2023 година, банката осум пати по ред ја зголеми референтната каматна стапка за вкупно 3.650 базични поени.
Централната банка на Турција објави дека референтната каматна стапка ќе остане на сегашното ниво додека не дојде до значителен и одржлив пад на основниот месечен тренд на инфлација.