„Што се случува“ – Паника во емисија во живо! Агуеро се фати за градите и замолче!

Прилично непријатна ситуација е забележана во програмата во живо при гостувањето на Серхио Агуеро во познатото шоу со Ибаи Љанос.

Имено, славниот Аргентинец пред две години ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, а проблемите продолжија и во годините по неговото пензионирање.

Во еден момент од емисијата застана, се фати за гради, а водителот исплашено реагираше:

– Што се случува, човеку? Дали си добро? – праша Љанос.

Агуеро наизменично му одговори:

– Ми се чини дека имав мала аритмија.

Водителот се понуди да го однесе Агуеро на лекар, но Аргентинецот одговори:

– Не не. Имам чип што ќе го открие проблемот и ќе испрати сигнал.