Доколку секојдневно јадете ф’стаци, благодарение на нивните хранливи состојки, ќе забележите бројни позитивни ефекти врз вашето здравје.
„Фстаците се извор на протеини со сите девет есенцијални амино киселини. Тие содржат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, полни се со влакна и антиоксиданси“, вели нутриционистот Тејлор Бергрен, пренесува Eating Well .
Меѓу другото, тие имаат калциум и магнезиум кои ќе ви помогнат да го одржите нормалното ниво на крвен притисок. Тие се и природен извор на калиум, минерал кој помага да се спротивстават на ефектите на натриумот во телото. Покрај споменатите минерали, ф’стаците содржат и фитостероли и антиоксиданси, кои даваат дополнителни позитивни ефекти врз кардиоваскуларниот систем.
Благодарение на каротеноидите лутеин и зеаксантин ќе го подобрите здравјето на вашите очи. Лутеинот и зеаксантинот се наоѓаат во мрежницата и помагаат да се филтрира потенцијално штетната светлина, намалувајќи го ризикот од болести на очите што доведуваат до губење на видот, како што се макуларна дегенерација и катаракта.
Некои луѓе сè уште мислат дека јадењето јаткасти плодови ќе резултира со зголемување на телесната тежина. Сепак, податоците покажуваат дека консумацијата на ф’стаци не е поврзана со зголемување на телесната тежина или зголемен ризик од дебелеење. Истражувањата покажаа, меѓу другото, дека јадењето ф’стаци како ужина е поврзано со намалување на обемот на половината кај младите жени во споредба со конзумирањето на грицки богати со јаглени хидрати.
Јадењето ф’стаци, исто така, помага да се контролира шеќерот во крвта, што ги прави одличен избор доколку имате дијабетес. Добри се и за здравјето на цревата.