Кристин Реиф, експерт за секс, изјавила какви промени се случуваат во телото на луѓето кои долго време немаат интимни односи.
Сексот може да биде одличен за вашето тело, ум и дух. Но, што се случува кога веќе немате секс?
Некои може да се чувствуваат нервозни , додека други само ќе се чувствуваат многу возбудени, без остварлив начин да се релаксираат.
Доколку немате секс подолго време, се случуваат одредени промени во телото.
– Има докажани физички и психолошки придобивки од мастурбацијата или сексот со партнерот. Но, тоа не значи дека има негативни последици поврзани со сексуалната неактивност – изјави Кристин Реф, експерт за секс.
Сепак, може да го доживеете она што експертите го нарекуваат „декондиционирање“, што во основа значи дека станувате помалку подготвени за секс.
– Може да доживеете декондиционирање на сексуалните активности и да откриете дека имате мускулна вкочанетост или болка, тешкотии во контролирањето на ејакулацијата или губење на довербата во сексуалната активност – додава Рафе.
Таа наведува дека тоа не се долгорочни биолошки промени.
Не е докажано дека прекинувањето на сексуалната активност може да има негативно влијание врз здравјето. Сепак, откриено е дека има придобивки за оние кои имаат секс.
Меѓу другото, за време на интимните односи се ослободува окситоцин, ендорфин, серотонин и допамин, кои го подобруваат расположението. Нивото на кортизол, познат како хормон на стрес, се намалува.
– Сексот секако може да биде составен дел од здравиот начин на живот, но не е клучот за здравјето – рекол Рафе, пренесува Bodyandsoul.