Во Азија лани имало 55 милиони повеќе гладни лица отколку во годините пред пандемијата на коронавирусот, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.
Во својата најнова проценка, ФАО наведува дека повеќето од оние кои живеат без доволно храна се во Јужна Азија, а жените се поранливи.
Уделот на неухранети луѓе падна на 8,4 отсто во 2022 година од 8,8 отсто една година претходно. Меѓутоа, овој процент е сè уште поголем отколку пред почетокот на пандемијата, кога изнесуваше 7,3 проценти.
За глобалната криза со храната најмногу придонесуваат природните катастрофи и прекините во синџирите за снабдување со храната, често поврзани со климатските промени.
Податоците покажуваат дека постои значителен дел од луѓето кои се соочуваат со умерена криза со храна (што значи дека понекогаш мораат да јадат помалку или си послаб квалитет на храна), како и луѓе чиј квалитет на живот е сериозно нарушен од глад, што е 30 проценти за светот и повеќе од 25 проценти во Азија и Пацификот.
Жените се најранливи: една од пет жени во Азија, со исклучок на Источна Азија, се соочува со умерена или тешка криза со храна. Стапките се малку пониски за мажите во повеќето региони.
Повисоките цени на храната, горивото, ѓубривата и добиточната храна значи дека нема економски напредок по пандемијата на коронавирусот.
Тоа е глобален проблем, влошен со прекините во снабдувањето со жито, масло за јадење и вештачко ѓубриво, делумно поради војната во Украина.