ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПУТИН !? На Интернет кружат нови шпекулации за здравјето на рускиот ‘цар’: Близок соработник на Зеленски тврди: “Погледнете ја неговата уста, што мислите !?“ (видео)

Според објавата на профилот на социјалната мрежа Телеграм – General SVR, кој често соопштува тврдења за здравствената состојба на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, овој пат вели автократот страда од „тешки главоболки, заматен вид и вкочанетост на јазикот“, пишува весникот Mirror.

Владимир Путин наводно „изгубил дел од сензацијата во десната рака и нога“ и му треба итна медицинска помош.

Според објавата на каналот, на рускиот претседател му била укажана прва помош, а советот на доктори му рекол дека мора да одмора неколку дена.

Владимир Путин, наводно, не ги послушал и инсистирал да му бидат доставени извештаи за ситуацијата на фронтот во Украина наместо за неговата здравствена состојба. Каналот General SVR подоцна во објавата тврдеше дека неговото здравје е подобрено и дека на докторите им олеснало.

Роднините и блиските соработници на претседателот беа позагрижени од него“, се вели во објавата на каналот, додавајќи дека членовите на семејството на Владимир Путин се во паника и се нервозни.

General SVR постојано тврди дека Владимир Путин боледува од рак и дека лековите што ги зема влијаат на одлуките што ги носи.

И покрај лошите прогнози на докторите, неговото семејство е оптимистичко“, се вели во објавата.

Друг контроверзен канал на социјалната мрежа Телеграм објави дека луѓето блиски до Владимир Путин веќе се загрижени за неговото здравје и дека никој од нив не знае што да прави во случај на неговата смрт.

Гласините дека Владимир Путин е болен почнаа да се шират затоа што тој во неколку наврати се „тресеше“ за време на состаноците со десната рака и затоа што повремено му се грчат нозете.

Сепак, официјален Кремљ тврди дека рускиот претседател е сосема здрав.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалната мрежа Твитер објави дека некој му ја испратил споменатата статија на весникот Mirror и му посочил дека на некои видео-снимки и фотографии од Владимир Путин наводно може да се види дека устата му е деформирана и укочена.

Погледнете сами, што мислите ?“, стои во описот на објавата со видео на кое се гледаат овие наводните деформации.

Владимир ПутинздравјеРусија