Овој млечен производ обезбедува бројни здравствени придобивки, од витамини и минерали до активни бактерии
Јогуртот е важен извор на калциум, фосфор, јод, цинк и витамин Б5 и витамин Б12, кој ги штити црвените крвни зрнца и помага во заштитата на нервниот систем.
Исто така, јогуртот помага во спречување на остеопорозата, заедно со соодветната храна.
Поради прекумерното консумирање сол, луѓето имаат проблеми со висок крвен притисок, болести на срцето и бубрезите. Во тоа може да помогне калиумот во јогуртот, кој го отстранува вишокот сол од телото.
Не треба да се заборави дека јогуртот се добива од млеко, што значи дека љубителите на овој производ добиваат и големи количества протеини, како и други витамини и материи кои се наоѓаат во млечните производи, пренесува Телеграфи.
Помага во борбата против вишокот килограми
Јогуртот може да помогне во борбата против вишокот килограми, дури и поради неговата висока хранлива вредност, ниските калории и големите дози на калциум.
Исто така, јогуртот ќе го регулира метаболизмот и ќе воспостави рамнотежа во организмот, доколку е нарушен.
Можете да пиете јогурт, но можете да го користите и како додаток на различни намирници.
Истурете го јогуртот во салатата со краставици. Користете како основа за ладни супи или за разни сосови.
Јогуртот може да се користи и како замена за мајонез или крем, како сос за месо и зеленчук.
Покрај тоа, со јогурт можете да комбинирате суво и свежо овошје, ако додадете малку овесна каша, ќе имате многу добар појадок.