Даниил дипломирал на престижната школа Ломоносов во Москва, а живее и работи како модел на „скршениот Запад“, во Лондон.
Ликот и делото на Владимир Соловјов се веќе добро познати на сите – овој руски пропагандист и главен мегафон на претседателот Владимир Путин жестоко ја критикува и напаѓа ЛГБТ заедницата – згора на тоа, тој дури се залага за испраќање на нивните членови на фронтот во Украина. И додека Владимир не може да го поднесе „паднатиот Запад“, како што го нарекува, неговиот син Даниил Соловјов (21) живее на тој ист Запад.
Имено, на социјалните мрежи се појавија фотографии од најмладиот син на Владимир, кој работи како модел во Лондон. На некои од нив Даниил позира во женска облека, со долги вештачки нокти и шминка на лицето. Споменатите видеа, кои станаа вирални, се создадени како дел од рекламната кампања за салонот за убавина Владислав Лисовец Офис, пренесува Украина денес .
Да потсетиме, Соловјов постариот неодамна повика на ракетни напади врз европските метрополи: „Берлин, Париз, Лондон и Брисел, дали сте подготвени да изгорите од нашите ракетни напади? И ако е потребно, од употребата на тактичко нуклеарно оружје?“.
Инаку, Соловјов има два сина, и двајцата се на воена возраст, но ниту еден од нив не е на служба. Постариот Александар Соловјов (34) по професија е режисер, студирал во Лондон, а моментално снима реклами во Руската Федерација.
Владимир го доби Даниил во третиот брак со манекенката Елга Сеп, која е ќерка на хумористот Виктор Коклушкин. Даниил дипломирал на престижното училиште Ломоносов во Москва.