Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас за конфликтот во Израел.
„Тема на разговорот беа последните случувања поврзани со тензиите во регионот, како и инцидентите во Израел и Палестина“, се наведува во соопштението на претседателството на Турција на социјалната мрежа Х (Твитер).
Реџеп Таип Ердоган за време на разговорот посочил дека Турција прави се за да ги прекине конфликтите во регионот и веднаш да го врати мирот.