Олимпијците во Париз ќе имаат можност да јадат извонредно подготвена храна, а за некои проблем може да биде што поголемиот дел од неа ќе биде од веганско потекло.
Спортистите ќе јадат хамбургери без месо, салати од киноа и фалафел во Париз, а организаторите им дозволија на новинарите поглед на дел од исхраната на олимпијците.
Беше претставен хамбургер направен од житарки, но не беше целосно вегански бидејќи содржеше и француско сирење Ементалер. Вкупно во Париз за време на игрите ќе бидат послужени 13 милиони оброци.
Тие ќе можат да јадат и веганска салата направена од киноа, мешан зеленчук, сос од таани и фалафел. Готвачот Винсент Жило тврди дека сè во ова јадење е од веганско потекло, што го прави одлично за исхраната на спортистите, а во исто време е здраво и лесно за стомакот и одлично се вклопува во исхраната на спортистите.
Потврдено е дека 60 отсто од исхраната на спортистите ќе биде веганска, а дури 80 отсто од сите прехранбени производи ќе бидат од француско потекло.