Вчерашниот штрајк на француските железничари го прекина железничкиот сообраќај низ Франција, објави BFMTV.
Возовите на северот на Франција не сообраќаа на релација Кале-Данкерк, додека железничкиот сообраќај во Нормандија беше ограничен на линиите Париз-Трувил и Авр-Фекан, како и од насоката Рајна.
Една четвртина од возовите се запрени на југоистокот на земјата.
Штрајкот го зафати и регионот Гранд Ест, а на релација Ремс и Дижон немаше возови. Во Аквитанија се на сила ограничувањата на железничкиот сообраќај, особено во Поат-Шарент, пренесува Независне новине.
Возовите непречено сообраќаа само во Бретања.
Штрајкот е организиран поради незадоволството на работниците поради низа проблеми меѓу кои немањето вработени и работни места и редовното одбивање на барањата за годишен одмор.