На аеродромот во Париз – Орли денеска беа откажани многу летови поради ненајавен штрајк на контролорите на летови како дел од протестното движење против пензиските реформи во Франција.
Француската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат распоредот на летови за 50 отсто, почнувајќи од 13 часот денеска.
Другиот меѓународен аеродром во Париз, Роаси-Шарл-де-Гол, не е погоден од штрајкот.
Во Франција денеска се закажани демонстрации против пензиските реформи.