Шукова: Тошковски и МВР се одговорни за бегството на Груби

„Министерството за внатрешни работи и Тошковски мора да сносат одговорност за бегството на Артан Груби. Време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите неуспеси што и’ се случуваат да ја обвини некој друг“. Ова го рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова во гостување на ТВ24.

Таа нагласи дека ова не е прв случај и дека летото имало случај на бегство преку граница.

„Затоа МВР мора да поднесе кривична пријава, судската власт, извршната власт. Одговорноста за бегството мора да ја сноси МВР“, рече Шукова.

„Сите би биле среќни доколку новата влада работи на принципите што ги очекуваат сите граѓани, да се бори за правда, да ја намали корупцијата и криминалот. Размислете за сè уште нерасчистениот случај со директорот на АНБ Бојан Христовски. Потоа имаме членови на судските совети кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во јавноста веќе неколку недели кружи случај и во јавноста не се дава одговор зошто некој што ги нема документите и е на толку висока функција. Граѓаните не го добиваат она на што се надеваа и гледаме силна партизација во клучните сектори“, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.