Во регионот Астурија активни се 9 пожари, а досега се опожарени над 20.000 хектари шума.
Повеќе региони во северниот дел на Шпанија веќе три недели се сцена на големи шумски пожари во кои изгореа над 20.000 хектари шума, известува Анадолу.
Кога се во прашање шумските пожари, изминатиот март беше најтешкиот за Шпанија, бидејќи пожарите во значителна мерка ја загрозија еколошката рамнотежа во опожарените подрачја.
Огнената стихија продолжува да ги уништува шумите во 9 подрачја во регионот Астурија, а активностите за ладење продолжуваат на 21 место на кои пожарите прво беа изгаснати.
Во борбата против огнените стихии учествуваат пожарникари, служби на Цивилната заштита, вработени во шумарството, Армијата и волонтери.
Адријан Барбон, шеф на Владата на астуриската самоуправа, соопшти дека намерно тоа подрачје го прогласиле за „зона на катастрофа“ и нивото на тревога е подигнато на 2. степен во подрачјата што се во близина на населените места.
Барбон најави дека пожарите од овој вид се сѐ почести и дека надлежните служби ја зголемиле задолжителната оддалеченост меѓу населбите и шумите од сегашните 75 на 150 метри.
Шпанија во 2022 година имаше една од најлошите години во својата историја на шумски пожари, со вкупно опожарени повеќе од 310.000 хектари.