Шумски пожар беснее во Турција: Хеликоптери, авиони, противпожарни возила и илјадници луѓе се на терен ФОТО

Втор ден по ред, пожарникарите во Турција се борат со шумските пожари што беснеат во западната провинција Измир, соопшти денес турското Министерство за шумарство.

Шумските пожари во областите Кујуџак и Доганбеј во Измир беа дополнително засилени од ветрови од 40-50 километри на час, поради што беа евакуирани четири села и две населби , изјави министерот за шумарство Ибрахим Џумакли, пренесува Ројтерс.

„Хеликоптери, противпожарни авиони, противпожарни возила и повеќе од илјада луѓе се обидуваат да ги изгаснат пожарите“, изјави Јумакли за новинарите во Измир.

Крајбрежните региони на Турција беа опустошени од пожари во последниве години , бидејќи летата станаа потопли и посуви, што научниците го поврзуваат со климатските промени.