Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Женева каде успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Швајцарија, откако беше подобар од Талон Грикспор со 2:0, по сетови 7:5, 6:1, со што закажа дуел со Томаш Махач.
Новак и Махач досега играле еднаш во кариерата, лани кога Србинот победи со 2:1 во Дубаи.
Сепак, Ѓоковиќ по дуелот со Грикспор испрати и посебна порака пред камера.
Решил да се заблагодари за големата роденденска прослава, кога му донеле торта, поради што на камерата напишал „Женева“ и ја врамил во срце.