Ѓоковиќ влезе во полуфиналето на Женева, а на камерата напиша посебна порака: Ова ќе ги воодушеви сите фанови (видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Женева каде успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Швајцарија, откако беше подобар од Талон Грикспор со 2:0, по сетови 7:5, 6:1, со што закажа дуел со Томаш Махач.

Новак и Махач досега играле еднаш во кариерата, лани кога Србинот победи со 2:1 во Дубаи.

Сепак, Ѓоковиќ по дуелот со Грикспор испрати и посебна порака пред камера.

Решил да се заблагодари за големата роденденска прослава, кога му донеле торта, поради што на камерата напишал „Женева“ и ја врамил во срце.