Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ направи шоу за време на медиумската конференција на кинеската репрезентација.
Србија во првото коло од Купот на Јунајтед ќе игра против тенисери од Кина, а Новак ја искористи приликата убаво да се забавува, но и да ги насмее сите присутни.
Додека Жижен Женг и Чинвен Женг се обраќаа на новинарите по победата на нивната екипа над Чешка, српскиот тенисер се прикраде и на кинески рече: „Благодарам сите!“.
Сите се смееја, а на тенисерот од Кина посебно уживаше во овој гест.
Женг се сврте кон Новак, кој ја напушти салата во која се одржуваше конференцијата, и му испрати порака.
– Мојот идол! Те молам, не оди, уште не си ми дал автограм – рече 15-от тенисер во светот.
Србија и Кина ќе играат во недела на 31 декември.