Џокер, Ноле, Џоко… ова се прекарите по кои Новак Ѓоковиќ е познат во светот на тенисот и пошироко.
Но, Новак би можел да добие и нов прекар.
Јавно го кажа Алекс Кореча, и самиот поранешен тенисер, а сега коментатор на Еуроспорт.
Шпанскиот стручњак се надоврза на неодамнешната изјава на Ѓоковиќ дека научил од Роџер Федерер да ја темпира својата форма за најважните турнири во сезоната.
Токму поради тоа двократниот финалист на Ролан Гарос и поранешен тренер на Енди Мареј му даде нов прекар на српскиот ас. „Ѓоковиќ е „мајсторот на календарот“. Тој точно знае што треба да прави во секој момент. Но, за да можеш да го направиш тоа, треба да го знаеш своето тело и својата игра. Треба да знаеш што правиш во секој момент“.
Ѓоковиќ играше финале на девет од последните десет Грен слем турнири, кои Кореча не ги пропушти.
,,Новак одлично ја темпира својата форма. Искрено, многу е тешко. Не е лесно да поминеш месец и половина надвор од натпреварувачкиот ритам и само да се појавиш и да бидеш подготвен. Мораш да бидеш подготвен дека во првите неколку дена нема да бидеш во најдобра форма, додека ривалите редовно играа за време на вашиот одмор. Не е исто ако тренирате само во тој период“, рече Алекс Кореча.