,,Ѓоковиќ е како ранет ѕвер!” Цела Италија на нозе пред полуфиналето во Мелбурн, сите го советуваат Синер: Новаќ ќе биде многу бесен (фото)

Остануваат уште неполни 24 часа до првото полуфинале на Австралија опен во кое ќе играат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.

Италија е на нозе, а тамошните медиуми во преден план го ставаат високото момче од Јужен Тирол, Јаник Синер (22), италијанска провинција претежно населена со Германци. Тие забележуваат дека повисокиот родум од Сан Кандидо на најдобар можен начин ја заврши 2023 година, а на исто ниво ја започна 2024 година, стигнувајќи до полуфиналето на Австралија Опен без загубен сет.

Италијанските медиуми во суперлативи пишуваат за Новак Ѓоковиќ. Тие го ценат и почитуваат сето она што тој го направи во тенисот. Посочуваат дека Србинот десет пати стигнувал до полуфиналето во Мелбурн и секогаш победувал, поточно ја освојувал титулата.

Селекторот на италијанската Дејвис куп репрезентација, Филипо Воландри, смета дека Јаник Синер мора да биде максимално фит доколку сака да се пласира во финалето. Во интервју за „Газета дело спорт“ Воландри вели:

– ,,Би било прекрасно ако Синер победи, но ќе мора да направи многу за да го оствари тоа. Неговата следна пречка не е кој било тенисер. Сигурен сум дека на секој што ќе го гледа тој натпревар нема да му биде досадно – рече Воландри и продолжи:

– Во последните натпревари Ѓоковиќ и Синер се учеа, подобро се запознаа и подготвија потези и контрапотези кои ќе ги откријат во нивната следна пресметка. Затоа очекувам совршен Ѓоковиќ со многу јасни идеи како да го запре Синер. Ќе биде бесен Ѓоковиќ! Во Малага, Синер го победи двапати, прво во сингл, а потоа и во двојки. Затоа Ѓоковиќ ќе биде како ранет ѕвер! Но, во исто време против себе ќе има млад шампион кој расте од меч во меч и кој секогаш има доверба во своите способности.

Ја анализираше Воландри и подлогата на која игра во Мелбурн, односно дали повеќе му одговара на Ѓоковиќ или на Синер.

– Површината е различна од онаа во Малага. Јаник претпочита затворени простори, бидејќи на отворено има проблеми со ветрот. Но, тоа се работи кои навистина не го засегаат Ноле, кој има вистинско искуство од играње на вакви натпревари.

Италијанскиот тениски стручњак објасни и колку Ѓоковиќ е физички беспрекорно подготвен.

– Би можеле да напишеме трактат за спортските способности на Ноле. Но и дека Синер сега може да се трансформира. Во секој случај ќе биде многу тежок предизвик за младиот Јаник – заврши Филипо Воландри.