Ѓоковиќ е најдобар тенисер во светот, доби големо признание: Убедливо е прв, зад него се големи имиња, меѓу нив и Јокиќ!

Меѓународната асоцијација за спортски печат (AIPS) го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар спортист во светот во 2023 година.

Да потсетиме, неколку дена претходно, Новак го доби истото признание од угледниот „Л’екип“ .

Во анкетата учествуваа 405 новинари од 107 земји, а Ѓоковиќ заврши на првото место со 616 гласови или 16,9 отсто од вкупниот број.

На второ место е Арман Дуплантис, скокач со стап со 335 гласа, додека трет е Лионел Меси со 277 гласа.

Никола Јокиќ, исто така, се пласираше на топ 10 листата , завршувајќи на деветтото место, пред десеттопласираниот Килијан Мбапе.

Најдобрите светски спортисти, АИПС:

  1. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис): 665 гласа.
  2. Арманд Дуплантис (Шведска, атлетика): 335.
  3. Лионел Меси (Аргентина, фудбал): 277.
  4. Ерлинг Халанд (Норвешка, фудбал): 229.
  5. Макс Верстапен (Холандија, Формула 1): 212.
  6. Карлос Алкараз (Шпанија, тенис): 184.
  7. Хуберт Кос (Унгарија, пливање): 129.
  8. Ел Бакали Софијане (Мароко, атлетика): 119.
  9. Никола Јокиќ (Србија, кошарка): 115.
  10. Килијан Мбапе (Франција, фудбал): 96.