Ѓоковиќ е успешно опериран! Италијанците тврдат дека Новак наскоро ќе ја напушти болницата!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, успешно е опериран во Париз, пренесува Газета дело спорт.

Споменатиот весник вели дека Ѓоковиќ за неколку часа ќе ја напушти клиниката, со патерици.

Да потсетиме, српскиот ас се откажа од продолжението на натпреварувањето на Ролан Гарос, откако на мечот со Франциска Серундола заработи повреда на менискусот на коленото.

Хируршката интервенција е извршена денеска на клиника во Париз.

Ден откако објави дека се повлекува од турнирот во Париз, Новак реши да биде опериран на медијалниот менискус на десното колено.

Ќе му требаат најмалку три недели да се опорави, што значи дека сигурно ќе го пропушти Вимблдон. Доколку опоравувањето оди според планот, би требало да биде подготвен за Олимписките игри во Париз (27 јули – 4 август).

Неговата брза одлука веднаш да се подложи на хируршка интервенција сведочи за неговата голема желба да настапи на Олимписките игри во Париз.