Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за првиот Грен слем сезонава, Австралија Опен, каде би можел да ја освои 100-та АТП титула и 25-ти слем во кариерата.
Многумина сметаат дека Србинот е најдобар тенисер на сите времиња и дека неговите рекорди се недостижни, но Ѓоковиќ смета дека тоа би можеле да го направат двајца играчи.
- Луѓето велат дека никој никогаш нема да ми ги собори рекордите, но јас се сомневам. Мислам, Карлос Алкараз би можел да биде следен. Дури и Јаник Синер. Карлос направи нешто што никој во историјата не го направил на толку млада возраст. Така што мислам дека некој дефинитивно ќе ме престигне“, изјави Ѓоковиќ за магазинот GQ и додаде:
- Алкараз самиот го кажа тоа, сака да испише историја и да биде најдобар досега. Го почитувам тоа, но можеби е малку рано да размислувам за тоа“, додаде Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Нишеш Басавареди во првото коло на Австралија Опен во 2025 година.