– Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ го победи синоќа Холгер Руне во четвртфиналето на турнирот во Париз со 2:1, по сетови 7:5, 6:7 и 6:4.
Србинот по 76-ти пат се пласираше во полуфиналето на турнирот од серијата Мастерс. Тој го повтори рекордот на Рафаел Надал во оваа статистичка категорија.
Трет на оваа листа е Роџер Федерер со 66 полуфинални меча.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето во француската престолнина ќе биде Андреј Рубљов од Русија.