Ѓоковиќ и Кирјиос за прв пат играа заедно како пар. Тие победија

СРПСКИОТ тенисер Новак Ѓоковиќ и Австралиецот Ник Киргиос ги воодушевија навивачите на нивното деби во двојки во понеделникот, победувајќи ја австриско-германската комбинација Александар Ерлер и Андреас Миес со 6:4, 6:7(4), 10:8 во првото коло од турнир во Бризбејн. Поранешните големи ривали развија блиско пријателство во текот на изминатите неколку години и нивното другарство беше видливо во преполната арена „Пат Рафтер“ додека толпата ги извикуваше нивните имиња и создаваше добра атмосфера.

Сакам да му се заблагодарам на Ник што играше“, изјави Ѓоковиќ. „Пред некој ден рече дека треба да биде задоволство да се игра со него, и тоа е. Мило ми е што го делам теренот со него кога ќе се врати. Немам играно премногу мечеви во двојки во последните пет години , па следев што и да рече Ник“.

Австралиецот Киргиос, кој се враќа на тениските терени по повеќе од 18 месеци надвор со повреди на коленото, стапалото и зглобот, не покажа знаци на лоша форма бидејќи речиси сам го освои првиот гем со неговиот брз сервис. Во второто коло Ѓоковиќ и Кирјиос ќе играат против првиот носител, хрватскиот тенисер Никола Мектиќ, кој игра во пар со Новозеланѓанецот Мајкл Венус.