Српскиот тенисер и светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Индијан Велс (САД).
Во второто коло Ѓоковиќ ноќеска го победи Австралиецот Александар Вукиќ во три сета – 6:2, 5:7, 6:3.
Противник на Ѓоковиќ во третото коло ќе биде Италијанецот Лука Нарди.
Слично како Ѓоковиќ, второто коло го мина и белоруската тенисерка Арина Сабаленка. Таа рано утрово славеше победа над Американката Пејтон Стернс со резултат 6:7 (2:7), 6:2, 7:6 (8:6). Мечот траеше 2 часа и 55 минути.
Во третото коло Сабаленка која е втора на светската ранг-листа, ќе се сретне со Британката Ема Радукану.