Ѓоковиќ казнет за нелегална градба: Повторно ги игнорира барањата на Владата

Властите во Шпанија го казнија Новак Ѓоковиќ повторно, трет пат, за истото, изведување нелегални работи на неговата куќа во областа Сиера Бланка.

Од февруари, општина Марбеља постојано бара од неговото семејство да ги легализира работите или да отстрани делови од зградата што не се во согласност со прописите. Бидејќи овие барања не беа исполнети, беше изречена нова казна.

Со овој нов прекршок, Ѓоковиќ плати вкупно 15.000 евра за три казни.

Ѓоковиќ достави два документа со кои се обиде да докаже дека постапил во согласност со законот, но општината смета дека обврските не биле исполнети, па затоа му е изречена трета казна.

Инаку, Ѓоковиќ одмараше во претходните недели по настапот на Вимблдон, а денес официјално ги започна подготовките за претстојното Отворено првенство на САД, кое започнува на 24 август.