Ѓоковиќ му се „заканува“ на Федерер: Падна уште еден рекорд?!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен каде ќе има можност да собори уште еден рекорд на Роџер Федерер.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен победувајќи го Раду Албот со 3-0 во сетови.

Со овој триумф тој стана играчот кој постигна најмногу победи на централниот терен на УС Опен , стадионот „Артур Еш“ во историјата на тенисот. Според него, тој не бил ни свесен за тоа. „ Не ја знаев таа информација, ова е најголемиот и најгласниот стадион во нашиот спорт. Ноќните сесии се одлични, неверојатна енергија, благодарам на сите што дојдовте. Мило ми е за уште едно интересно достигнување “, изјави Србинот по натпреварот.  

Во второто коло ќе ги одмери силите со Ласло Џере, а токму против српскиот тенисер ќе има можност да собори уште еден рекорд на Роџер Федерер.

Сега се врзани. И двајцата имаат 89 триумфи на УС Опен во опен ерата, па потенцијалниот триумф над Џере ќе значи дека Новак го надмина Федерер по друг параметар.