Во текот на целиот период поминат без тренер често се споменуваше можноста жена стручњак да биде една од опциите за пополнување на таа ценета позиција – па интересно беше директно да се праша Новак дали размислува и за таа опција…
Ѓоковиќ го ангажираше Енди Мареј, а сега во Мелбурн на средба со српските новинари ја откри единствената жена која би ја земал за тренер.
„Можев да соработувам само со Моника Селеш, сега кога тоа го спомна. Всушност, и Моника ми е повремен ментор, во комуникација сме долги години“, забележува Новак.
„Кога се здобив со повреди и бев дисквалификуван од УС Опен во САД, таа секогаш се појавуваше во тие моменти и даваше поддршка, даваше свое мислење за понатамошните чекори. Таа всушност е мојот прв идол – таа и Пит Сампрас. Меѓутоа, Моника ми беше поблиска од Пит поради Јелена Генчиќ. Јеца работеше со Моника и затоа ги знаев сите нејзини рутини, па тие основи ми беа пренесени на мене“, истакнува Ѓоковиќ.