Ѓоковиќ по третпат во кариерара го прави ова! Најдобриот тенисер на светот направи изненадувачки потег поради ситуација на која не беше навикнат (фото)

Новак Ѓоковиќ ги изненади сите со тоа што реши да игра во неделата пред Грен слем, по вторпат во кариерата.

Најдобриот светски тенисер ќе се појави во Женева, каде ќе игра на турнирот во категоријата 250, а оттаму ќе продолжи за Париз, каде на 26 мај, односно ден по финалето во Швајцарија ќе започне Ролан Гарос.

Претходно, Новак само двапати го избра ова сценарио. Првиот пат беше во 2017 година, кога пред Вимблдон играше во Истобрно, а потоа во Лондон поради повреда на лактот мораше да се повлече во четвртфиналето. Потоа во 2021 година кога го освои турнирот во Белград, а потоа и Ролан Гарос.

Тој првпат во кариерата ќе игра во Женева, а одлуката да се појави во овој град е донесена поради незадоволство од неговата моментална форма.

Новак сезонава сè уште нема освоено трофеј, а во Париз ќе се обиде да ја одбрани титулата од минатата сезона, 2.000 бодови и првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ смета дека има поголеми шанси да го направи сето тоа, доколку си даде повеќе простор за напредок и одигра уште неколку натпревари на земја.

„Mило ми е што се враќам на теренот. Одам во Женева, се гледаме таму!“, изјави Ноле во саботата преку социјалните мрежи.

Ѓоковиќ во првото коло ќе биде слободен а во второто ќе игра против подобриот од мечот Јаник Ханфман – Енди Мареј , кој е закажан за в понеделник.