По речиси тринеделна пауза, Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот.
Српскиот тенисер во понеделник на АТП турнирот во Доха ќе игра со Фернандо Вердаско во двојки.
Нивни ривали се казахстанско-руската двојка Бублик-Хачанов, а тој меч е закажан за 16 часот по српско време.
Ѓоковиќ ден подоцна ќе игра во сингл, но датумот на натпреварот против Матео Беретини се уште не е објавен.
За потсетување, Новак нема играно од полуфиналето на Австралија опен, кога поради повреда
мораше да му го препушти мечот на Александар Зверев .