Познатиот пејач Ѓорѓе Давид неодамна доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, која имаше трагични последици. Имено, тој налетал на жена која се движела по автопат и ја убил. Оваа несреќа предизвика големо внимание во јавноста, а Ѓорѓе се врати во Србија откако ја помина правната процедура во Македонија.
По средбата со својот адвокат, Ѓорѓе го напуштил станот во Белград. Забележливо е дека повеќе не вози автомобил, туку користел такси. Очигледно е дека оваа несреќа оставила длабока трага кај него, а по сè уште се опоравува од шокот.
Според достапните информации, до несреќата дошло по судирот на два автомобила „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистерски таблички. По тој судир следел уште еден кога автомобил „опел инсигнија“ со српски регистарски таблички налетал на жена која излегла од едно од возилата. Од ударот, за жал, жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала.
– Стигнав во Србија, само тоа можам да ви кажам засега, утре ќе ги дознаете деталите – изјави Ѓорѓе Давид за српскиот портал Република, веднаш по пристигнувањето во Србија.