Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО‑ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ќе ја мобилизира целата градска механизација и јавни претпријатија за голема акција за чистење, која треба да се реализира во првите 72 часа по преземањето на функцијата.
Според него, состојбата во Скопје е „најлоша досега“, но со добра организација и координација може брзо да се поправи. Како дел од планот, сите општини, фирми и институции ќе се вклучат во акцијата.
Ѓорѓиевски истакна дека во претходниот период не се одржал ниту еден куминативен состанок меѓу Градот и општините, што го оцени како неприфатливо. „Ќе ги повикам сите општини, фирми и јавни претпријатија да се приклучат – заедно ќе го исчистиме Скопје,“ рече тој.