Бранко Ѓуриќ Ѓуро уште еднаш на социјалните мрежи го коментираше конфликтот во Израел.Само сакам да знам како Американците одлучуваат кога да им помогнат на оние што се бранат, а кога на оние што напаѓаат?!“, напиша тој.
Како што е веќе познато, американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во Израел.
„Тука сум од едноставна причина, да кажам дека Америка стои со Израел. Хамас уби 1.300 луѓе, вклучително и 31 Американец. Тие зедоа многу заложници, вклучително и деца“, рече тој.
Ѓуро претходно даде свој осврт на актуелните настани во Израел.
„Луѓе, само да ве потсетам. Не мора да го имате вашиот фаворит во секоја војна за која навивате. Тоа не е спорт. Нема правила, судии, фер-плеј, еднакви услови за двата тима…Тука умираат луѓе , и тие што не сакаат да учествуваат. И не е се како што гледаш на твојот телевизор. А некои не се добри а некои се лоши. Секој има свое лошо и свое добро. Навивајте за мир, за крај на војна, за луѓето да престанат да умираат, а не за нашите, тие ги убиваат „нивните““, изјави тој.